годи (несв.)

16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Маргина 36 59 Болничкиот автомобил, така беше наредил, треба да се вози по патот навака-натака; беше заклучил дека му годи неговиот звук: беше толку далечен, беше тоа како некогаш, заминување во непознат град.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Малку губи апетит за рибата во чинијата пред него, но затоа белото грчко вино му годи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„А прикаската на човека му годи. Ем во војната да победиш, ем дома наследник да те чека, твоја рожба, не е мала работа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми годеа темнината и тишината на храмот. Тие ми го поземаа талозите на душата и ме олеснуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А тоа е од големо значење и за мене и за неа: таа веќе е уверена дека има наѕирнато во моите слабости а јас сум веќе сигурен дека ми годи нејзината улога на воспитувач.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби ваквите помисли ми идат и заради она негово обраќање што беше пресметано да ме замолчи. ( Или неговата интервенција беше со друга намера?) Навистина не знам дали му требаше тоа: "Другарке Огнена, за се што ќе ни се случи не се свикува конференција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш сфаќаат дека нема потреба тие да управуваат со моите постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзе ѝ годеше кога слушаше дека е убава, дури и преубава (Господ знае што значи тоа!), ама и се лутеше кога ништо не велеа за Дончо, ни дека не е убав, ни дека не е - нешто друго!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А во овој мој рапорт пред Боге од Бањи уште додадов: - И за едно чудо нејзината женска големина останува секогаш иста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Видов дека моите зборови ги прими онака како што му годеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Внатрешно, меѓутоа, сево ова му годеше, и тоа чудно: макар да знаеше дека со ништо оваа стара мома, ситна и загубена, не може да го привлече.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): •  прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); •  второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); •  трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како да им годи ретката прилика да стојат очи в очи со неминовноста!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама, затоа што имаат само вообразена ученост, тие треба да се служат со овој излишен надворешен изглед – што [само] ѝ годи на вообразбата на оние за коишто работат, и преку тоа тие [сакаат да] ја привлекуваат почитта.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеби може да се рече и дека осамата му годеше со оглед на потребата колку што може повеќе да биде во друштво на своите мисли коишто уште му овозможуваа една значителна продуктивност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе