годинашен прид.

годинашен (прид.)

Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По тоа ќе се запомнат годинашниве Водици во Потковицата, што беа крвави, го убија стрика Анѓела!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Каде не се фатиле годинава повтор ќе садиме - за годинашниве првачиња.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Една од претставите на репертоарот беше „Мармалад“, претстава која на годинашниот МОТ ги собра сите симпатии, како од публиката, така и од стручното жири.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Изброја осумнаесет жетви, ама без годинашнава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)