говорител м.

говорител (м.)

Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бесот на говорителката од скалите пред Националниот театар најмногу се огледал во реченицата: „Лувр е гробницата на бугарското кино!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се одвива во рамките на сите семејства што претставуваат едно општество или културна единица, така што сите припадници на одредена група на човечко живеење на крајот спонтано ќе бидат, на пример, родени говорители на еден јазик – иако го учеле во различни околности и во малку различни верзии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)