глувчешки прид.

глувчешки (прид.)

Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
глувчешки гомца - точки што остануваат на екранот; кога го движиме глувчето, зад курсорот останува трага кадешто бил претходно
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Доколку не, тој измислен јунак, глувчешкото говедце, може слободно да се врати во селото и да се ожени со Мелеагровата сестра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Штотуку гуската, со тешка мака, ги стигна своите полнолетни деца, кога однекаде доплива еден чуден гувчешки сват.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)