гледен прид.

гледен (прид.)

После, како што се гледа, тие ја мислат за единствено правилна гледна точка на прашањето за народноста на Македонските Словени – бугарската; а може си мислат оти прашањето за народноста на Македонците е второстепено и лесно ќе се разјасни со ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Раскажувањето од гледна точка на нараторот, дете на интелектуалец, пријател на водачот на козарите, ја предочува реалноста на животот на оние кои постојано живееле како осумничени, за­што не ги споделувале идеите на новиот режим на власта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниту другите земји ќе се ослободат од насилство и терор сè додека кокаинот и хероинот таму се произведуваат од страна на картелот криминалци. Политиката на делумна забрана би ја задржала и од морална гледна точка сомнителна пракса на затворање луѓе кои директно не ја загрозуваат околината. Таа и понатаму би сместувала во подземје еден првенствено здравствен и општествен проблем и би жигосувала поединци кои поради тоа не би можеле да дојдат до потребната помош. Истата таа политика би ги обесхрабрувала медицинските истражувања и ширењето на информации во врска со опасностите од уживање на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој смета дека легализацијата би ја зголемила достапноста и потрошувачката, што од морална или практична гледна точка би било неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од оваа гледна точка, биомедицинската наука не го уважува фактот дека е само една од повеќето традиции, а не единствено објаснување и „огледало на реалноста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2. Од друга гледна точка, Будистите би рекле дека јазикот го спречува нашиот пристап до реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од нивна гледна точка економијата се состои од многу фирми (или потрошувачи) кои постојано прават претпоставки за околината со која се соочуваат и стратегиите на нивните противници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од гледна точка на Павлов експериментот требало до докаже дека кај кучињата условниот рефлекс секогаш постои, додека Лакан истакнува дека таквиот заклучок е чисто идеолош­ки, бидејќи го прикрива фактот за тоа дека дури означителот го предизвикува рефлексот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според тоа, изненадувањето, од научна гледна точка, може да возникне само како последица на модели што не ѝ се верни на природата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од гледна точка на ниската група, ниту една историска промена никогаш не значела многу повеќе отколку промена на името на нејзините господари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За среќа, кога ја развитка, таа беше свртена наопаку од гледна точка на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од гледна точка на нашите сегашни управувачи, според тоа, единствените вистински опасности лежат во евентуалното отцепување на некоја нова група на способни, несоодветно вработени и жедни за власт луѓе и од појавата на либерализам и скептицизам во нивните сопствени редови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од таа гледна точка, новата народна уметност по ништо не се разликува од култот кон народната уметност во комунизмот, кога се правеше истото, само што наместо за мобилен телефон се пееше за тракторот како врвно ново божество на рекордерството и ударништвото, па на новоредените женски деца им се даваа и „адекватни“ имиња – Тракторка, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од таа гледна точка, нашиот живот е една беспрекорно уредена нарација, расказ кој однапред е напишан, а клопчето се расплетува – кога ќе му дојде времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговата мана, гледано од моја гледна точка, беше неговата ситничавост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Освен да се прави херој, од денешна гледна точка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
8 Границите се основа за нееднаквост и исклучување. Од гледна точка на теоријата на системите, границите се централен елемент на секој систем, било да е физички, културен, општествен или физиолошки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Станува збор за технички закон кај кој, освен зголемувањето на паричните казни за постапување спротивно на одредбите на овој закон, не настанале позначајни промени од гледна точка на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе