гледач м.

гледач (м.)

Ги вратија коњите по децата што дојдоа со нив, а тие ја формираа првата почесна редица од гледачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вревењето згаснуваше кога поворката наближуваше до гледачите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најтешко му беше, што не беше само гледач. Туку што и самиот од немајкаде кон тоа придонесуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку страв ме полази од овој грдомасник. Но, тој воопшто не обрнуваше внимание на вчудовидените гледачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чехословаците на изложбата предизвикаа големо интересирање со стерео-слики, каде што мртвата фотографија, прикажана во три димензии, оживуваше пред гледачот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоби Мусман напишал дека оптичките дискови се темелат на: “... концепција по која двајца гледачи, спротивни еден на друг, кои го гледаат филмот во исто време, сето тоа време додека трае филмот, тие нема да го доживеат филмот на потполно еднаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На екранот се редеа сцени со Горбачов, долгочасовни емисии со хипнотизерот Кошпировски, кој преку екранот ги хипнотизираше милионите советски гледачи, и мрзеливи сцени од некои емисии за вкусно аранжирање на храна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Доживувањата на гледачот на филмот, ќе осцилираат со оглед на неговите оптички способности, за кои можеме да претпоставиме дека широко варираат како и било која од останатите физички карактеристики.”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам на тоа како светот е само екран, а ние глумци или гледачи, сеедно, некој сигурно нѐ режира, и тоа е, впрочем, сеедно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хичкок: „Тоа е така затоа што темата за неправедно обвинет човек кај гледачите создава чувство на опасност, бидејќи тие полесно се замислуваат себеси во положбата на овој човек, отколку во положбата на виновник што бега. Публиката секогаш ја имам на ум“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И најотворена негова декларација станаа зборовите од романот „Очај“: „Највисока мечта на писателот е да го претвори читателот во гледач“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во тој момент гледачот се вплеткува во имплицитната Ешерова верига од нивоа, во која над секое ниво има некакво „вишо“ ниво на поголема „реалност“, додека под секое ниво постои некакво нижо, „поимагинарно“ ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гледачот тогаш би легнал на виртуалното тело и би бил цврсто убеден дека продира во него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се работи за дело составено од ротирачки платформи, врз кои има голем видеоекран, компјутерска опрема и стол, на кој седнува гледачот/набљудувачот, и со помош на занишувањето на столот (во различни насоки) се произведува движење на погледот во виртуелниот музеј како простор на слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе