глад (м.)

Чума ли село избила, глад ли е морило?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Усети и глад. Однекаде, како под земја, Мече дочу кркорење – тоа цревата се караа гладни меѓу себе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А за дедот Петка и ова добро дојде оти додека многу од истераните селани гладуваа, а некои дури од глад и изумреа, тој имаше барем леб за себе и за внучињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гладот ги тераше луѓето на остроумност и тие измислуваа разни марифети како да дојдат до парче леб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сети се за болките во моето тело, на мојата глад, на сјајот во моите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А ти немаш бол и не си глад и не си нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Човекот не престанува да гледа кон нас, во неговите разумни очи се претчувствува човечка глад и кучешка стрпливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мнозина тогаш умираат од глад. Само силните и снаодливите презимуваат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И тие не го лажеа па не знаеше што е бол - жежок, игличест како склопчест еж и ја познаваше само својата сува и така мака како и секоја човечка глад.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гладот, немаштијата, ограбената земја од туѓи и домашни сајбии како остен ги дупеа и ги гонеа во туѓина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- А, зошто се селиме, мајко? - прашуваа младите ластовички. - Бегаме од зимата. Ако останеме тука ќе умреме од глад и студ.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гладот и безработицата насекаде ја стегаа својата јамка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот од кои гледаше глад на бик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе