главнина ж.

главнина (ж.)

Е, излеговме. Трчаме да ја втасаме главнината, а јас веќе не можам ништо да проговорам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа се надоврзуваше и привикуваше едно исто така старо предание: она во кое страницата инаку се устројуваше во главнината на текстот, толкувањата, внатрешните белини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Братучедот Ристо, дојден во Скопје пред главнината на збегот, со надеж дека ќе најде лек за туберкулозата на жена му, поначесто навраќаше во дрвената барака.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На 7 февруари членот на британската воена мисија Кларк поради трите последователни напади на бугарскиот окупатор бил одделен од главнината на Првата македонско-косовска ударна бригада и бил заробен од Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, за разлика од соодветната одредба од 1996 година, сега се про- пишува и тоа дека акциите, коишто вработените можат да ги стекнат 160 од фондот кој ќе биде формиран за таа цел, можат да изнесуваат најмногу до една десеттина од основната главнина (чл. 281, ЗТД/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Укината е и можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина, како и правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5.  Уделот во друштвото, согласно дефиницијата во Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ, 28/2004), претставува севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Акција е хартија од вредност [којашто може да ја издаваат АД и КДА] во којашто е претставен дел од основната главнина и во која се отелотворуваат правата на акционерот кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото (чл. 3, ст.1, ал.2 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3. Удел во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во ЈТД, КД и ДОО – при што, секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност (чл. 3, ст.1, ал.49 од ЗТД). Значи, содружникот може да има само еден удел!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Главнината ја расечува и по неа стотици нозе и копита ја разгазуваат росната трева.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во три часот и триесет минути по полноќ главнината мора да се најде на ридовите на селото Крчишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)