генерал (м.)

Но Македонците во Бугарија го убедија бугарското население во правината на нивната програма за полно одделување на интересите на Македонија од интересите на Бугарија, ја покажаа политиката на владата, на кнезот и на „генералскиот комитет” или Комитетот на Цончев-Михајловски102 како егоистичка и добија во Бугарија поголема власт над „генералскиот комитет” и над владината политика по македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
101. Бугарскиот резервен генерал Иван Цончев (1859-1908) беше поставен од бугарскиот дворец и владата за потпретседател на ВМОК и беше главен вдахновител и организатор на „Горноџумајското востание” (1902).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ех, вие беден народ... Ех, проклетијо... А Русија пропадна. Јас не сум веќе генерал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа не сакаме да гниеме, да ги браниме избеганите генералски никаквеци. Говореа, беа селани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко му за херојство во Руско-турската војна од 1877 година, заедно со орден лично од раката на генерал Скобелев го прими и овој часовник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто ми се полковнички и генералски еполети?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога генералите ги зедоа двогледите и дурбините за да ги следат денешните битки, останаа зачудени: секој двоглед и дурбин беше закитен со маслиново гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Генералот на оваа положба се наоѓа 12 години, по успешниот воен пуч против претходниот Генерал.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Дај боже да е генерал, ѝ велам јас на мајка, се пресмевам, оти имав чуено за генерали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Маријанти рече дека ги пратил генерал Маркос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Слушај и запомни за да не речеш после дека не сум ти објаснил, па да ме срамиш пред некој наш полковник или генерал.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таму, во тишината на зелените ливади и огромните лозја, сите станавме генерали и го знаевме решението на секоја загубена битка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Царот се замислил троа. Ај, анасана, неќе ја остави кулата недоѕидана. Генералите, викнал. Повикајте ми ги генералите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
После чувме дека, на тој ист ден, се запалил и генерал Русланов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се насобрале генералите, тие сѐ уште биле млади, на носилка ќе го качуваат по кулата царот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Генерал Маркос вели: ни педа отстапување од овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како засилување на програмата ја доведоа и Маша Русланова, примадона на рускиот мелос. Жена на генерал Русланов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе