гајрет м.

гајрет (м.)

Седи со здравје. Гајрет! (Очите му се наполнуваат со солзи).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги теши стариот поп Димитрија. Но далеку беше Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој е со мене нека дигне рака и нека стори гајрет за последен пат, нека го спреми оружјето; барем да ги продадеме кожите поскапо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Г гајле - грижа гајрет - охрабрување, надеж, помош грбач - камшик
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одржувањето на гајретот значело одржување на оптимизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Губењето на гајретот означувал губење на надежта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој најпосле, по двоумење и потрага по типичните поими, му го претстави својот избор на Камилски: гурбет, сургун, гајрет, тапија, ќерпич и чауш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК