гата (несв.)

И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Не го наврна Сталин снегов, вели, си гата, си меле ко празна воденица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гаташе со оризови зрнца нашиот другар.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Способноста - брзо да се помирувам со двојна негација при гатање на судбината - не остави длабока трага од истрезнетиот реализам врз мојата суштествена состојба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа која беше стручна за гатање и вражање, гласно извика: „Распуштеница во куќа, зло за навек“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)