гатач м.

гатач (м.)

Ете, зарем не гледате каде стигнавме со нашите „умни глави”, литературните и психијатриски беседници, поети појци, гатачи и видари.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И потем гатачот ѝ се обраќа на невестата: „Вруќо мори млада, под белата брада!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали беше зол, дали беше препреден, дали беше само маѓесник или гатач?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој е нашиот прв учен лекар, му велеа на Милош, не како сегашниве бајачки и гатачки, што го мамат народот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не им верувам на гатачките со рамни гради што првин ќе те надојат со љубов А потоа ќе ти проречат умирачка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во првите седум акции што беа успешно изведени Раде не беше допрен ни со едно зрно, но во осмата и деветта спечели дури четири рани со кои, заедно со претходните четири, спечелени во комитлакот, опасно ѝ се приближи на десетата, што гатачката веќе му ја имаше проречено како последна и кобна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Првиот веднаш ќе го поврзиме со судбината на Раде, или поточно со гатачката од штипско Ново Село, која одамна предвиде дека му е пишано кусиот живот да го проживее токму како војник!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
БИЛТЕН Ајде ред се редат мале Коцкаришта на шалтер Сите мале ги заеба Баерн 85 ДЕН +ДДВ Уклучив ТВ Гледав гачка И пљачка од лажлива гатачка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се сети на гатачката од Бечеј и нејзината порака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)