гасне несв.

гасне (несв.)

А насреде, се палеа и гаснеа како автомобилски фарови, две големи очи. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ што гасне сѐ в зеница сјае.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Колата завртува зад последната куќа; зад неа останува тапо тропање на тркала и поткови, гаснејќи полека и оставајќи зад себе глува празнина во пустата улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Зашто убаво се гаснат цигарите во месо.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Внимателно го следев умирањето на пчелиното брчење и гаснењето на цвркотот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гасне сѐ. Над крчмите се згуснува темен превез.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Песот е скоро засипнат да ја оплакува гитарата, нејзиното гаснење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На неговиот зенит веселата светлост се гаснеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Филе ја гаснеше последната ламба. Велко им ја отвори вратата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто да вика помош? Каков огин да гасне?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Денот гаснеше. Во душата како да ми проблесна нешто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се раѓаа и гаснеа дни исполнети со тивка среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жедните очи на момчето ја голтаа виделината што гаснеше од прозорецот. Таму се збираше и се тискаше наоблаченост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сјајот од жицата гаснеше и Арсо го очекуваше ручекот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оној плачеше со своите огромни, отпуштени раце, се препкаше по темелите, не наоѓајќи си го никаде своето место, а неговата црвена коса се посипуваше со прашина и се излепуваше од потта, гаснејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чувствуваше како со свои очи да го гледа ширењето на некаков пожар, кого немаше со што да го гасне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе