вцрвени св.
вцрвен прид.

вцрвени (св.)

Нешка уште повеќе се вцрвени, та дури и ушите како пламен ѝ се сторија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се вцрвени како јаболко,се збуни, но немаше што да прави.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Погледнав скришум накај Мите. Тој, сиот вцрвенет во лицето, гледаше надолу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Блескотот и во шаторите се вовлекуваше и ги лизнуваше нозете на оние извидници кои лежеа или им ги вцрвенуваше лицата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Имам совет од татко ми за таа работа“, сигурно отцепи Петре, ама и закуца околу игуменот вцрвенет од возбуда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веќе по неколку минути, сиот вцрвенет, беше почнал да убедува доста наивно, дека шинелот воопшто не бил нов, дека тоа било само онака, инаку шинелот бил стар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)