вујна ж.

вујна (ж.)

- Отрув ти се сторило, оди, оди! избезумуваше вујната во таков час.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ох , - реков сочувствувајќи, - ох, добро вујне, - сакав уште некој збор да речам, но таа уште посилно заплака и јас конечно морав, морав да појдам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Никогаш да не се вратиш, да даде господ! не издржа доброто вујне, за добар пат, на третиот чекор ме благослови. Проклет да бидам, благослов.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но она што најмногу ме згрози, беше неговото објаснување дека и вујна му Манасија се стаписала кога ја здогледала неговата алатка и божем извикала „Ох, сладок на вујна, таа твоја зажарена гламја колку ли куќи ќе пеплоса!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа негова вујна Манасија воопшто не личеше на сладострасната мивка што се обиде горе во Кулата да ни ја прикаже Бундев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За стриковците и стрините, за вујковците и вујните не знаеше многу, освен дека едните се од едниот, а другите од другиот сој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја обземал постојан копнеж по оној Солун на нејзиното детство, по нежно­ста што ја покажувала вујната Клементина кон неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А Мајка виде каков беше животот и кај нејзините во Јанина, а особено во Солун, кај вујко ѝ и кај вујна ѝ, Италијанката Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во неговите стра­ни­ци беше продолжено среќното време од детството кое го живееше во Солун, крај својата вујна, чудесната Италијанка Клементина која засекогаш ја задржа во спомени­те како мајка, подоцна како светица, во својот живот во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зошто ја оставаш да стане веднаш жена, снаа, золва, јатрва, вујна, зошто не ја спасуваш кога ѝ ја знаеш судбината?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Вујна ми толку многу ги тепаше што мене ми беше жал да гледам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еден се насочил кон вујна му, токму кон жената на сопствениот вујко.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едно утро ја видов мајка ми, со чуден израз на лицето, како нешто шепоти со вујните - Мамо за што шепотите?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во деновите кога не се одеше на кино, честопати во свежите летни вечери стуткана до мојата мајка, на малата дрвена клупа во градината покрај куќата, ги слушав нејзините муабети со вујните за сѐ и сешто.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тука доаѓавме сите внуци, десет на број и жените, мојата мајка и двете вујни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)