втренчен прид.

втренчен (прид.)

Нејзините очи се сретнаа со неговите и јазикот почна да му се плетка, но погледот му остана втренчен и не можеше да се откачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој застана со втренчени очи во Трајка и почна нешто да мрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Јас многу работам само кога крајот е вреден за тоа,“ рече тој, гледајќи во неа, и некое време двајцата се гледаа втренчено, обидувајќи се другиот да го собори погледот, сѐ додека тој не се насмеа со мал триумф и додаде, „или достижен.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Го задржуваше здивот, исчекуваше, сосема втренчен и напрегнат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа полека ги подигнаа шолјите и отпивнаа, гледајќи се втренчено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Винстон извесно време гледаше во неа втренчено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката брзо одминуваше, а Едо втренчено настојуваше да ја гледа што подолго и да ја види што подобро...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Втренчено гледав и не можев ни плувачката да си ја проголтам, а камоли нешто да сторам, да изустам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговата втренченост во светлината на утрото беше исто толку неподвижна колку и камените ѕидови на собата во која седеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но веднаш го упати втренчениот поглед кон Сандри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Егоцентрична река. Упатена накај белото море па она друго и друго сѐ додека не се нурне во овоземниот облик на бескрајот - океанот.  Реката е предолго загледана во својот крај - уточиштето премногу втренчена во преобразбата.  Реката така чека и го дебне мигот на својата смрт - слевањето во другиот.  Од идентитетот ѝ останува само морската струја. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Господинот Гроздановски неочекувано го здогледа кучето веднаш зад стопанот со втренчен поглед во него и со опашката разиграна, некако потскокнувајќи од место, како семким токму него да го очекувало.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се соблеков на горно бикини и чувствував како нивните втренчени погледи ме гребат по снагата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)