всушност мод.

всушност (мод.)

66. Берат – писмо (повелба) од турскиот султан за поставување (во овој случај) владика. 66a.66а Назначувањето на Фирмилијана (умрел во 1903 год.) за митрополит во Скопје беше всушност првата позначајна победа на српската пропаганда во Македонија, извојувана не без поддршката на руската дипломатија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По враќањето од Македонија Лавров заедно со Мисирков работи врз „граматичкиот опис” на Мисирковиот роден говор, а самиот Мисирков направил „опис на неговото родно село Постол на месниот говор” што е всушност неговата прва досега позната научна работа на македонски јазик (1900).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
31. Каравлашко всушност е само еден дел од денешна Романија. По обединувањето на Каравлашко и Молдавија (1859) се создаде државата што го доби името Романија (1861), но Мисирков го употребува традиционалното народно име што е зачувано и до денеска во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според Хегел, еволуција на вселената всушност е еволуција на логиката на „светскиот разум“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Всушност, тоа јас раснев - загатлив како сказна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул“, толку ќе внесе во манастирската каса, која всушност беше Сталевото ќесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Всушност, тоа можеше да се прочита по весниците, ме прогонеа, бараа трага на моја вина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кој знае. Месечината е можеби всушност на свој начин банална муцка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МЕТОДИ: (Му ја подава на Луков хартијата. Сега дури гледаме дека тоа е всушност писмо.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: Всушност, тој и не беше војвода. Го викавме така затоа што еднаш поднапиен во Банско се прикажал како војвода.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: Тоа е долга приказна. Всушност, единствената приказна на мојот живот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Всушност, тие немаат ни право да се размекнуваат и да ги покажуваат своите чувства заради младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седнува само да ја движи рачката на мевот и да ги извлекува торбите со земја. А всушност целиот е кај карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако тројцата спореа за Господа, всушност тие беа далеку од желбата да се караат сега.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше трпелив, всушност само чекаше, тука на три метра под него, вршејќи си ја својата работа со една упорност што вџашува; а тој горе беше оној чеканиот и не можеше а да не го сети просто како го престегнува во самата гуша допирот од таквата пеколна морница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко знаеше колку ѝ е лесно на таа челична ламја да се спушти надолу во еден замав, таа како од играчка би загризала во дебелиот трупец и би продолжила со една ритмичка постојаност да полетува, вивната нагоре, како некој челичен галеб, а потем да паѓа пак, и пак и пак, како од шега, трпеливо, без сенка од какво и да било напнување, без никаква измореност, сосема лесно, всушност тоа како да беше за неа единствениот начин на постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тоа не може да се купи – вели Зоки. – Што сакаш ти всушност?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе