врцка несв.

врцка (несв.)

Да им тресне в лице нека одат по триста ѓаволски мајки и да престанат еднаш да се врцкаат така сѐ околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А јас, како некаков мисир, како некаков ушлест буржуј, се врцкам околу неа и гугам: – Ако ви сака душата – велам – да каснете едно слатко, не стеснувајте се. Јас плаќам. – Мерси – вели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)