восхити св.

восхити (св.)

Тие се погледнаа едно со друго како да се колебаат дали да се восхитуваат или да ѝ се потсмевнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го гледав а тој мислејќи дека се восхитувам со него ми намига и ми покажа под танките усни купиште зелени заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој брзо пиеше, таа, непосредна и безгрижна, се восхитуваше, со детски сјај во очите над многуте анегдоти на богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пците, улични, поети гласно се возхитуваа од ѕвездите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На славните им се восхитуваме, но дали ги сакаме – друга работа е.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Планот нѐ восхити и нѐ возбуди до петите. Митре, Ѓеле и Калчо заминаа, а ние зафативме да собираме камење низ трапот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Плива како делфин! - се восхитуваше некој друг капач, навикнат секој ден да ужива во играта на малиот коњаник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Луѓето ја гледаа сликата и се восхитуваа. „Прекрасни бои, сликаре!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ниту се читам, ниту ме читаат. Преку ден скитам, ноќе пловам, Засонувам, сонувам, подлетнувам, Писмото небесно го исчитувам И на тоа писмо се восхитувам, Зашто и за мене нешто пишува
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Дедо му на Ибраим Ибраим, меѓу своите познат како Кара-Демир, се висхитил од долгоногиот распон, зошто му се сторило дека тој иноверник е готов да загине за султанијата па го стасал и трчал со него барабар, воинствено ревејќи сѐ додека на чекор од нив не бапнала граната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Немал два живота; сепак дење го презирале, ноќе му се восхитувале со морничавост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На гробот му ја ставија бистата што си ја направи. Луѓето ја гледаа бистата и се восхитуваа на неговото мајсторство: изгледаше како да е жив Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можам, а да не му се восхитувам на Хорацио Цвикало на господските гестови, уште повеќе кога ќе ги поврзам со тенко потстрижените мустачиња, светлите костуми со пруги и склоноста кон дебелички жени со огромни дојки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели таму бев? Нели гледав? Нели им се восхитував на другарите?...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се восхитувам од убавината што ја гледам и смислувајќи метафора не можам да најдам друг збор освен да речам дека е рајска.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со текот на времето Чанга сѐ повеќе ѝ се восхитуваше на татковата намера да напише Историја на балканските империи низ нивните падови, во која ќе бидат вклучени и козите, па се надеваше и самиот да има некаква улога во таа книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе