восочен прид.

восочен (прид.)

Сега по толку време, во еден полусон, во темна непроветрена соба, пред болката на еден памучен палјачо, многу повеќе жив отколку восочните анатомисти на Рембрант, се сети дека убиениот го закопа крај патот недалеку од она што не беше ни глог ни камен туку пенушка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пак сам. Во аголот памучен палјачо се истргната нога, на ѕидот восочни кепеци на пелеринки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се ведне над восочен труп, распорен дрско и со еден замав. објаснува нешто на туѓ, одамна изумрен јазик, некакви формули и неизбежни правила, како догматичар на еден одамнешен век.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Смолата од нивните очи ќе капе врз мојата кожа заедно со солзите на восочните свеќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лепливите зборови како восочни конци му се плеткаа околу јазикот: „Ти... Нека мине возот... Брат си... Важи?...“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По восочното лице на дајреџијата се испиша мака и загриженост, како да му помогне на директорот полесно да ја искачи нагорницата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите убедувања на стариот се разбиваат во нивната тврдост, како вода плисната на восочна површина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пламенот се креваше од куќите, одблеснуваше по лицето од луѓето. Одблеснуваше и на восочното лице од сликарот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Восочното лице ми се издолжило, забите ми се отскриле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесена над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пак за крунски сведок го земаме Тезауро, кој смета дека небото е „восочна плоча“ (cerula) во која природата го вцртува „она што ќе го измедитира“; притоа, за своите тајни таа создава загадочни знаци и симболи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Поезијата како мистичка контемплација претставува токму одчитување на таа „восочна плоча“ на стварноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Целиот свет се појавува како „восочна плоча“ во која се сместени знаците на апсолутот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон добро го знаеше местото. Сега беше музеј што се употребуваше за различни пропагандни изложби - модели на ракетни бомби, на пловни тврдини, на восочни фигури што ги илустрираа злосторствата на непријателот и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден млад офицер, со елегантна фигура во црна униформа, сета блескава од кожа и со лице со рамни црти што наликуваше на восочна маска, влезе отсечно во собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека тој паѓаше, а колежот и пискотите продолжија, капакот на испуштениот сандак се лизна и одвнатре се откри восочното лице на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе