воскликне св.

воскликне (св.)

Макс Ернст, неможејќи да насллика една слика – ја прераскажува: „ во една земја со боја на „гради на гулаб“, воскликнував кога излетуваа 100.000 гулабици.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Благодарам!“ воскликна таа. „Пахх!“ викна и одлета под јаболкницата обземен од тмурните мисли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А децата од Мелин доаѓаа трчајќи за да ги пуштат на ветерот своите мали змејови и кога го здогледуваа огромниот зелен змеј како потскокнува и се лизга по небото, воскликнуваа: „Ох, ох, каков змеј! Каков змеј!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога акушерката ме принесе до татко ми, тој со изглед на зналец го погледна она што бев јас и воскликна: - Можам да се обложам дека ова е син!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кон него го чувствувам истото она што Фауст го чувствувал кон природата кога воскликнал: „Каде да те дофатам силна природо?“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во еден поранешен расказ, пак, авторот екстатично ќе воскликне: „Како лесно се создаваат приказните!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малечката Пелагија воскликнуваше од радост додека ја капеше мајка ѝ, а пак Пелагија додека ја сапунисуваше се прашуваше себе си дали и таа на тие годинки ја имала истата снагичка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се чини дека сонувам – воскликнуваше Еразмо на сиот глас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Госпоѓа Гологанова не издржа, обраќајќи му се на својот сопруг, а да не воскликне: „Никола!... Види го!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Воскликнувам од радост кога го читам ова толку искрено богословие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)