вооружување ср.

вооружување (ср.)

Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо неа, еден отсечен војнички глас го читаше, со некакво грубо задоволство, описот на вооружувањето на новата Пловечка тврдина, штотуку укотвена помеѓу Исланд и Фарските острови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тупаниците се стегаа во грч, а исколчените очи на симпатичната одмаздничка, како во филмот „Матрикс“, демнеа на најмалото погрешно движење или збор да ме пресечат со црвено ласерско вооружување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Противник е на атомското вооружување и на американската доминација во светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние треба што побрзо во полето на Преспа да почнеме со изградба на аеродром. Унгарија и Романија ќе ни праќаат храна, облека, лесно вооружување и муниција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)