вообразен прид.

вообразен (прид.)

Прашав едно од децата - зошто се расправаат. Тоа ги собра усните; вообразено објасни: - Мајка му на Димка ја обрале.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Второ, зашто и самиот сум во поезија на фрустриран бегалец, прогонет од вистинските и вообразени страшила од стварноста.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
До законот стои палка, за да може на лекомислените, вообразените или превратниците да им втера страв во коски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Гледав погреб во јапонски филм. Сите жени в бело - вели Виктор и ја оттргнува мојата сосредоточеност од вообразената возбудлива сцена пред олтарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Изгледаше како млад вообразен прч, спремен за борба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас, се разбира, бев никој и ништо, една обична вообразена провинцијалка со гордост до небото, а шанкерот само повеќе се нервираше на моите изјави иако знаеше дека намерно го подбуцнувам неговиот западен менталитет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)