вонреден прид.

вонреден (прид.)

Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трново секако не живее од историјата, но таа веројатно помогнала за неговото оформување како вонредно живописен град од кој човек тешко се разделува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чинго е еден од оние наши автори што најсилно го трпат воздејството на вонредни значајности од советската литература.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе прогласи вонредна состојба дома, вели, и ќе повика полиција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Во вашето одделение секогаш вонредна состојба! Сите на места!“ конечно нѐ надвика.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако нема, Маргина/Темплум се префрлуваат на системот за вонредни околности: илегала и шапирограф. Ние играме заедничка игра.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ученичка сум во ОУ „Кирил и Методиј“ што се наоѓа во близина на една од црните точки во градот, раскрсницата кај Народна и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Молам да објасните што значи три степени на вонредни мерки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Колешки и еден колега“ особено нагласи директорката, „многу ви благодарам за вложениот труд и вонредните напори за афирмација на нашето училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За да се реши прашањето кој ќе биде во Врховниот комитет, бил свикан Осмиот вонреден „македонски“ конгрес, што се одржал во април 1901 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За нивното судење владеело вонредно големо интересирање.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата-поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, односно полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, уште истиот ден му е врачено решение со кое е пратен на повторен вонреден одмор со траење од еден месец – мерка која во моментот на пишување на овој текст сѐ уште е во сила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе