воловар м.

воловар (м.)

Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А забрането им беше дури и на овчарчињата и воловарчињата од околните села да гледаат низ мрежата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја виде само воловарчето, кое на врат на нос потрча во селото и задишано, удирајќи со стапот на дабовата порта, на сет глас викаше: - Бабо, бабо, дај ми муштулук, тетка Фимка пови чупче!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)