возобнови св.
возобнова ж.

возобнови (св.)

И додека сите селани ги возобновуваа заборавените нивки во планината крај нивното село, кои, во времето додека тие печалеле по светот, беа насобрале по малку слоч за да можат да изранат по неколку жетви, а војната ги имаше испобркано сите патишта и сите граници, - оној тогаш шверцуваше со автомобилски гуми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сенките на пресечените стебла, рекоа, се возобновуваат од гласот вопијушт на камбаната која нѐ довикува!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Чанга го имаше на ум татковото кажување дека сите империи на Балканот, од римската, преку византиската и отоманската, се одржале со векови на власт само со неколку основни итрини, вешто возобновувани: „Првин раздели, па владеј!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Долго работевме да го возобновиме оној дел што Господ го одзеде како опомена за нашите гревови. И во тоа успеавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)