вознес (м.)

Колепка со божје ухание, Небесно, свето здание, Могила и ридание, Точка - крик и восклик, очудување, Вознес и восхитување, Точка - најкусо божје послание.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието, Колепка со божје ухание, Небесно, свето здание, Могила и ридание, Точка - крик и восклик, очудување, Вознес и восхитување, Точка - најкусо божје послание.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Идевме во светот на овие книги и на нивниот господар на несетно топење и исчезнување на нашите илузии и вознеси, со кои во спротивно ќе застраневме и ќе се судревме со балканската калдрма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XV Татко, слушајќи го Игора Лозински, како со силен вознес ја кажува својата порака на животот, најмногу размислуваше за иднината на балканските и европските граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека беше Татко силен и здрав, таа беше поотпорна, посилна, во притаената среќа, и поспособна да ги поднесе последиците од Татковите илузии и вознеси отколку сега, кога го гледаше занемен, отсутен, во постојана борба, во длабочините на неговата внатрешна тишина во која сѐ потешко имаше пристап...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека ги слушав врвните офицери на Југословенската Народна Армија (ЈНА) како зборуваат со вознес и незамислива увереност за главните стратегии за одбивање на напад на Југославија од Западниот или Источниот блок, со мене на часовите ја носев книгата на Вињи, верувајќи дека на овој начин со читање на книгата ќе го компензирам времето на воените предавања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат запрен во својот налет и вознес, зачудено ќе го запраша мирниот туниски раиз: А што би рекле, вие претседателе Бургиба?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но и во таквите моменти на збунетост и нејасна надеж, тој беше сигурен дека , (иако сонува и посакува еден вид вознес за својата личност; иако се осмелува да ги смета за остварливи и најнедостижните желби), никогаш не му припаѓаше на светот на празните фантазии, туку напротив, целосно ѝ припаѓаше на грубата реалност, или поточно на светот на математиката како што често нагласуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наслада... Крик на глас. Вознес кон непознати височини, пад над ангел со крилја, милува папок и бело тело. Свила.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Прилозите ги објавуваше со редок вознес и жар во текот на една цела година, но откако настанаа некои промени во редакцијата, а со тоа и кон него, тој беше принуден да ја напушти редакција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така врз гробот на св. Наум, крај Охридското Езеро, со подеднаков пиетет и вознес се поклонувале и христијани и муслимани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)