возвратен прид.

возвратен (прид.)

Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сретна некои од нив. Можеше секогаш да смета, на другиот брег, на нивната возвратна добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеа да се видат неколкуте извиени букви, во чудесна, небаре калиграфска игра во нејзините писма, како минијатурни споменици на една недокрај возвратена љубов, постојано одложувана за некои други времиња коишто никогаш не стигнаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ако ме намразите поради зборовите или поради делата мои, јас нема да починам и повторно ќе ви зборувам и повторно ќе работам и единствено во срцата ваши, а не надвор од нив, ќе ја барам повторно љубовта кон мене, ќе ја барам со секој здив на моето битие, оти не постои друга награда на овој свет за оној што вистински љуби освен возвратената љубов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На мое задоволство, брзо одговори на возвратениот импулс и го насетував магнетизмот на неговото тело кое заводнички, во стилот на Синатра, полека ми се доближуваше од некој заден агол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)