воедно прил.

воедно (прил.)

Но, сега остануваше да биде важен тој, всушност продолжуваше во него да постои само таа мисла, што беше одзив на некоја слична мисла, некаде зад него, но воедно и еден неспоредливо посилен нејзин одзив на таа ветрометина и во таа скукаленост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега срецелото се затвора и од горни крај но воедно се затвора и досегашниот пат за на гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас верувам дека оваа голема култура на Балканот, во книгата на Старова таа е симболизирана преку Таткото, главниот лик во книгата кој е воедно, и интелектуалец и ерудит и мудрец.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако се елиминира секоја друга функција на сувенирот (естетска, идеолошка, психолошка и.т.н.), сувенирот претставува најчисто отелотворување на времето и местото воедно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во текот на следните две години била лекувана на четири приватни клиники со психотерапија, а воедно примила и триесет и четири електрошокови и имала шеесет инсулински денови и педесет коми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секој однос кон уметноста воедно е и однос кон смртта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаа луѓето да бидат слободни при задоволувањето на своите поединечни интереси и воедно способни со своето размислување да посегнат и од другата страна на ова тесно подрачје.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А воедно кога почна да се чини дека може техниката со телевизијата и компјутерските мрежи да се погрижи сето знаење да дојде во секој дом, тогаш потрошувачката логика ја уништи културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беа воедно и првите години на академијата за ликовна уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
-(2) Смената на патријархалната форма на владеење со демократската форма на Вајмарската република имаше како последица една бројна и политички мобилна, но воедно и уметнички неинформирана публика, на која наизглед ѝ се овозможуваше лаичка уметност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На една група луѓе туѓиот натрапник им го граба највредното со што таа располага - предметот на најголемото уживање и воедно залогот на репродуктивната способност на групата, и двете претставени во девицата чиешто грабање групата немоќно го набљудува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
БОРБИ ВО КАЧАНИК, КОСОВО Првиот пат кога бевме во Качаник, таму беа само Албанци, немаше Срби, бевме сместени покрај патот и често на тезгере носеа мртви, а воедно и снопови слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Убавице полуписмена, тажна, добротворна дарувалко наоружана со нападна пренагласеност, нашминкана со пастелни бои како Фем фатал на Кис ван Донген, а воедно стаклена, кревка и кич небаре те направил Сваровски.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И како аргументација на сево ова што претходно го загатнав, ќе ги приложам стиховите на Маркоска кои ќе ми помогнат во обидот да се биде искрен и воедно „теоретски” конзистентен, версус поетската книга „Сите притоки се слеваат во моето корито”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Беше тоа воедно време кога започнуваше нејзиното оспорување, за да заврши во крвави братоубиствени уништувачки судири на довчерашната братска заедница на народи и народности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе