водник м.
водникав прид.

водник (м.)

Ме мачат така соништата и не ми оставаат ни мирна ноќ, ни мирен ден. Ќе станам, ќе земам стомне од водникот и ќе се измијам образ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Тоа водникот во војската ли ти го кажа?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во каминот имаше решо на гас, а имаше и една полица на која се чуваше храната, додека во ходникот пред вратата имаше еден кафеав водник од печена глина, заеднички за станарите од неколку соби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се прават прво закачки и потфрлања, некои дури и за сметка на самиот водник, некои доста успели, така што и Грнецот се потсмева; после се преминува кон дела, кон клавање сопка или слично, та водникот, што инаку великодушно мине преку шегите на своја сметка, мора да се сврти и да се кара: „Ајде доста!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега ми идеше по малце криво и незгодно поради сите оние злобни шеги за сметка на водникот, што баш јас често си ги позволував, кога се точкаше водот во колона.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оној, зад плеќите на кого требаше да се движам, беше Бане, водникот на скаутскиот вод „Елен”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Водникот кој потекнуваше од неговите места, едно двапати му прости и го потсети дека тоа е забрането.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа го испратија на некој курс за водници и ете ти го командантот на вториот вод на првата чета... Или да речеме заменикот политкомесар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаме информации дека во битката за Гревена храбро се бореше и за покажаната храброст е унапреден во водник.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)