водечки прид.

водечки (прид.)

Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Книгата Времето на козите во Франција и пошироко во Европа доживеа успех, а во земјите на германското говорно подрачје појавата на романот веќе предизвика поволни и ентузијазирани реакции во водечките медиуми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој го заврши воведот од своето дело Who’s Who со изјавата „Водечките интелектуалци со нивните стремежи за објективност ... се криминалци, а не ослободители на човештвото“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На топ листата на домашните предавници, на водечката позиција, сѐ уште е, неизбежниот Тито.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Предметот е комплициран во техничка смисла, има многу преклопувања меѓу термините; различни автори користат исти термини со различни значења; литературата е напишана на три водечки јазици: германски, англиски и француски, што уште повеќе го потенцира проблемот на преведување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уметничката политика како предмет на истражување Ова истражување, значи, се занимава со една политичка водечка група која како милитантен претставник на антидемократските сили во Германија созаде уметничка диктатура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Конечно, примерот на СР Југославија е посебно интересен, бидејќи станува збор за држава чиишто највисок правен акт (Уставот, донесен на 27 април 1992 г.), според мислењето на водечките југословенски стручњаци за уставно право (проф. Павле Николиќ, на пример) всушност е неуставен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голдштајн беше ренегатот и отпадникот кој некогаш, одамна (колку одамна, никој точно не се сеќаваше) бил една од водечките фигури во Партијата, речиси на исто ниво со Големиот Брат лично, а потоа почнал да се занимава со контрареволуционерни активности, бил осуден на смрт и мистериозно избегал и исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Споредувајќи го неизвесниот пат на своето семејство со патот на јагулите, тој му ја доверуваше во ноќта на Игор Лозински својата водечка идеја дека сѐ што се случува во природата на планетата Земја, може да се провери во човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Југославија како лидер меѓу неврзаните земји имаше значајно место меѓу водечките земји. Тунис беше неврзана земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Македонија беше водечка земја во југоисточен Балкан во окултизам и врачање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во книгата беа вникнати илузиите на Камилски врз универзална подлога во крајна цел да се помират водечките идеи на тогашниот европски лев Запад и октомвриски Исток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гласот... полека се ширел во конзервативните кругови и приказната дошла до водечките гласила“.1
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)