влезница ж.

влезница (ж.)

„Нема здодевност со убави жени“ - тоа е геслото на „Вапенхоф“, Влезот е бесплатен, но затоа гардеробата е задолжителна и таа се наплатува како двојна влезница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Баба ми се согласи и се договоривме заработувачката да ја делиме на половина, а во бизнисот да го вклучиме и дедо Борис, кој ќе ги наплатува влезниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Е, овој заклучок на Соња, дека разговорот случајно не довел до вратата на киното и дека станува збор за влезници што случајно ѝ се наоѓале во џебот дефинитивно ме докусури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Новите палестински лични карти и пасоши беа само влезници за претставата на тој театар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Сите влезници се веќе распродадени,“ рече доктор Гете задоволно триејќи си ги рацете една недела пред одржувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И плати влезница и за парите го доби потребниот камен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се погоди утредента партиската ќелија да ни прати влезници за опера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК