владички прид.

владички (прид.)

11. Поп Доне со Килета се смести во одајчето во даскалницата, владичкото, како што го викавме зашто во него требаше да спие владиката ако некогаш дојде да пее во нашата црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Орце, кога скоро бил во Кукуш, наводно, ги исмејувал луѓето на Организацијата, а некои други гемиџии се подбивале со владичката круна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го виде Германецот застанат на прозорецот, и насмевнат, оддолу, владиката ја крена раката со владичкиот стап во знак на срдечен поздрав.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во рацете го носеше свечениот позлатен владички стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)