вкусен прид.

вкусен (прид.)

А сиромасите прават од нив коркутка, вкусна густа чорба - тоа им е главно, а често и единствено јадење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тремот е свежо, пријатно. Овде изненадува и привлекува богат и вкусно изграден амбиент на стара чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле ја изеде црешата, ја исплука семката и откри уште дека таа цреша е и многу вкусна за јадење.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Црн, но вкусен и здрав, - рече другиот човек, помлад, симпатичен, со очила, чии жолти тенки рамки светкаа во скудната светлина на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Земи, од јагоди и од чоколадо е, многу е вкусен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се напив и јас. Тоа беше сина газоза, студена и вкусна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сеќаваш, ни донесоа две конзерви сок од него. Колку вкусен беше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Устите и рацете им се замастуваа, но не се бришеа уживајќи во вкусното месо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Совет: пробајте да натопите бисквит во вашата шолја. Мошне е вкусно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Другите веќе замацале во вкусните јадења, се насладуваат, пијат. Вистинска гозба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа тие вкусни нешта беа темелно излижани со јазиците на учесниците во претставата, со стенкање и подждригнување над блуежот на оној што лежеше на нашите раце.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Стигна и стјуардесата со оброкот, па така весело и вкусно ги минавме преостанатите минути од летот, додека нашиот автобус со крилја не се спушти на виенскиот аеродром.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во кошницата секогаш имаше свежи, вкусни бомбони и додека ни се топеа во устите, тетка ти и јас секојпат ќе помислевме во себе: кои бомбони биле први во кошничката, кога играчката била купена и на кои им се восхитува ѓаволчето, и како биле по вкус?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вкусен си им. Чивавата, исчекувајќи, глетка нагоре кон лицето на господарот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нешто како растурен сендвич: танки резанки мешан кашкавал, уште потанки салама од соја, листови зелена салата и по некоја останата маслинка. Вкусно за око, уште повкусно на јазик.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа што не се појави никој не значеше дека не уживаа во вкусната манџа и во слатките по јадењето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Погачите беа приготвени со чисто овчо масло, ама и симитите и ѓевреците сусамлии сигурно беа многу вкусни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе