вкоренет прид.

вкоренет (прид.)

Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доколку повеќе идејата 27 на реваншот ги обзема духовите („Реванш, тоа е кралицата на Франција“, зборуваше Морас!), дотолку повеќе францускиот патриотизам ги вознесува „вечните брегови“ и запаѓа во мистиката на вкоренетоста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вкоренети во едно тло, закотвени во едно доба, сместени во времето и просторот, луѓето меѓусебно смогнале сили да ѝ се измолкнат на фаталноста на партикуларизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тука е нивната грешка во сфаќањето на картузијанскиот субјект како ултимативно антропоцентричка идеја, додека всушност со растеж на картузијанизмот и со него поврзаната коперниканска револуција, субјектот ја губи својата вкоренетост во природата како и своето средишно место во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во оваа земја, меѓутоа, постои силен контраст помеѓу нараснувачката апстрактност на нуклеусниот универзум и примарната, внатрешна, незадржлива виталност, која не произлегла од вкоренетоста туку од искоренетоста, една метаболичка виталност како сексуална така и деловна, телесна, сообраќајна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, висок и строен, со исправена става, со вечно благ израз на лицето, и нискиот по раст Камилски, видливо слаб, но со цврст и жив израз на лицето, чекореа по кејот на реката, упатени кон Камениот мост, како балкански Дон Кихот и Санчо Панса, понесени од нивните ветерници зборови, со ислужено значење, но цврсто вкоренети во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој својствен геј- начин на суштествување, понатаму, изгледа е вкоренет во особен настран начин на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)