вкопа св.

вкопа (св.)

Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше премрзнати прсти, кои тешко го додржуваа она, што ќе го дофатеа, и остануваа секогаш отпуштени и бессилни за да се вкопаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одвај се додржуваа на нозете што внимателно ги спуштаа на земја попреку, вкопувајќи ги колку што можат, за да не ги повлече надолнината.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пометнувањето на ножот меѓу стомавот и фашата го натера да го вкопа погледот во работата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сиот Амстердам е на вода. Лежи врз шипови, длабоко вкопани во земјата. Тука се неговите темели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некаде подзастануваш нешто да купиш, некаде просто зјапаш и слушаш испомешани дијалози, викања до небото, се втопуваш во средината, која толку многу внесува, та не чувствуваш дека си станал дел од неа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден автомобил ама за педа се вкопал зад мене!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ми дојде некако назгодно и му ги вкопав забите кај зглобот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги вкопуваме во месата, се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги вкопуваат нозете во измиената, речиси оголена земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа изненадено се штрекна, се вкопа в место.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сум и како в земја вкопан и како сопнат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо се вкопа на место, се согласи со мајка Перса, ама за тоа побара одобрение и од очите на мајката Пелагија и дури кога таа немушто, во себе, изговори Да ѝ веруваш, таа ќе нè чува како што нѐ чуваш и ти! и дури тогаш се врати назад и се смести пред влезната врата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стоеше исправен во место, вкопан, и покрај тресењето од неговата сопствена рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мерцедесот пред неа нагло закочи и остана вкопан во место, длабоко загазувајќи во пешачкиот со предните гуми.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мачорот отиде до прозорецот под мрежестата ограда и ги вкопа своите канџи во истрошениот дрвен страничен ѕид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе