вишна ж.

вишна (ж.)

Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Расневме заедно, заедно крадевме вишни и иста судба секогаш имавме ние.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пржени компирчиња за вечера, артичоки во сос, ликер од вишни, сочен колач‚ цела шунка... Сѐ на сѐ, вистинско изобилство и уште грст нарциси расфрлани дури и по чаршавот, меѓу шолјите!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сливи, вишни, црешни, секакви градинарски растенија, сончогледи, краставици, дињи, грашок и дури гумно и ковачница.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзината црна коса така слатко го допира, што тој се сетува за убавината на второто цутење на вишните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се случува, вели, понекогаш вишните двапати да цутат, и има нешто многу убаво во тоа цутење, но и многу жалосно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Списокот не е голем: суви пиперки, јогурт, младо лукче, фиферонки у пластично шише од литроипол, ракија у исто шише ама од два литра, рибизли, овчо кисело без овошје, шампити, добри вишни...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не дозволувај да те обземе досада, од неа направи штрудла со вишни, и измиј ги садовите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сѐ ќе паднело во вода ако на организаторите не им текнало на секоја лубеница, некаде на средината, да и стават по една цреша со боја на трула вишна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И покрај тоа, отворено никогаш не ѝ признаваа, беше евидентно дека Рада беше вистински мајстор за изработка на најразновидни слатки: од тикви, грозје, сливи, јагоди, вишни, капини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)