вир (м.)

Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Планинската река со шум удираше во дрвениот чарк и прскаше околу своите вирови матна пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Која Марија си ти? праша. Чу: гледај ги зелените вирови во моите очи, бакрените водопади во моите коси, треперењето во мојата кожа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Плачеше од бес и знаеше дека гревот што го следи ќе го фрла секогаш во нови вирови на грев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие не го жалеа штукавичавиот, тоа ситно зрно просо што го довлекле ноќните вирови под тежок воденички камен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Браќата се исправаат. Сѐ што и да посакаш. Би влегле ли во вировите на рекава?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тука мразот беше заискрено бел, исто како сребрената смеа на пената, а таму беше сосема зелен, како замечтаените самовилски вирови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, бива-небива, се плискаа момчињата околу половина час во студениот вир, се измокрија и кога веќе не можеа да ја поднесат студената вода, кренаа раце и излегоа на ливадата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму беше вирот со итрите пастрмки што толку го предизвикуваа Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
41. ВО ГОЛЕМА ВОДА ГОЛЕМА РИБА ПЛИВА - би пливала и в поток кој има вир така син и бистар и така тивок како просторите на небесната шир...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Загазуваше во некој вир со највалкана вода, се прскаше со неа, ги прскаше и другите деца. чантата со книгите ја фрлаше каде што ќе стигнеше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И така се најдов над една подводна карпа, во прилично длабокиот вир.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе