виолина ж.

виолина (ж.)

Општинскиот писар уште ја стружеше виолината. Ми се стори дека тоа свирење не е така лошо како што беше порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Липањето на виолината под дебелите прсти на писарот стана непотребно и глупаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас не можев да ја слушам цел живот твојата несигурна виолина. нејзините звуци се лепеа за кожата, притискаа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само празната виолина ќе сокрие во себе уште еден нејасен акорд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Свири на виолина, ми рече една вечер. Свирев и те гледав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш меѓу нив застануваше еден кловн изгубен во војната, некој Август Рицман со виолина в раце. По затегнатите жици трчаа бели глувчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под звуците на неговата волшебна виолина тонат во сладок дремеж бубачките, пеперутките, шареноглавите цветчиња и сиот мирен полски свет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Уште повесело ги занишаа главите цветчињата, уште порадосно и весело се огласи Штурчовата виолина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Исто и добриот примаш - си го знае ли занаетот, игра ли мајсторски со гудалото по жиците од виолината, - никој не праша, дали му е кадрава косата, дали му се бели забите, и дали му е колосана кошулата, - кај него е главна музиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Господа, свиреше виолината под шепите на малите чудовишта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога се одмори и кога се постопли, штурчо ги нагласи разгласените струни на својата виолина и - засвири!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа уште многу вечери лутав низ Париз , уште многу пати навраќав во овие улички за да го чујам уште еднаш овој концерт, но не можев да го сретнам старецот со виолината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И оваа париска старица, можеби како онаа од телевизијата, имаше мила физиономија и свиреше на гитара како онаа од филмот на виолина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гладот го натерал да научи да свири на виолина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Цел свет со виолини, вели, а ние со мувлосана гајда, небаре мрша да ти квичи пред носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе