вие (несв.)

Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Вие еве сте знаеле и по бугарски и сте го знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познавате мене што ми рековте на име?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И ноќе кога месечко гроб ѝ со свила виеше ветерчок тихо над неа жална ѝ тага рееше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна...“
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И од таа темна гора песни наши, ора ќе се вијат, ќе се веат, надежта ќе сеат. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Виевме и го плашевме со најразлични извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застуденуваше. Од оџаците веќе се виеше чад; луѓето седеа по топлите домови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А таа кога ќе се кршне, ако така дебеличка, како ремен се вие, половината напред, половината назад. А Доста ѝ држи само „сенка“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Имам пријатели што идат кога сум сам и глуво легло на неизвесноста вијам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Далеку удираа ситни, брзи ѕвона, виеја тешки автомобилски мотори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто: ни месечина, ни куќа, ни жив човек. Само оддалеку волци вијат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Неопишана радост ги опфати забитот и Аџи Јанета кога го забележаа каналот како се вие низ лозјата, и ледината како зелена порачка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти гледај да нема влага да не вие во крстот. И норовите да не ја лапаат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: Не станува збор за тоа задоцнување. (На Младичот.) Вие требаше да стигнете со попладневниот воз?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И таму настанува буричкање, глуво и диво офкање и виење на ѕверови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе