види (изв.)

– „Ја види ја, бре татко, ногата, кај што ми ја окрши и ми се завари“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како мачка со опашка да мавнала преку нив! Види види, овие запци, полни со кал, види!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Види го ѕвер!... Види го ти него патриот — идиот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Командантот зачудено крена поглед: – Види, види!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Аферим, бре Ристе, анасана! — вели ќатипчето. — Види, како научил невестата Бојана да правит здраво живо по грацки. Така требит.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Убаво, убаво. Види шо поскури ти меси воа кучило! — продолжуваше Доста, покажувајќи ѝ ја поскурата, завиткана во новото цркварско цедилце, на Билјаровата снаа и други, кои што врвеа пред порта со букарите на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Види, бре коџобаши, прати го абер на тој пезевенк нета се приберит дури не сум кажал на кајмакамот во Прилеп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе види...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин, налутен, си отиде заканувајќи се: - Ќе види тој!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Види, види - почна да се чуди мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Го видов, чесен збор. Со кметот и уште еден војник влегоа во училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се присетите, можеби, кога ќе видите како кај вас дома, или кај вашите соседи, се фрлаат цели лебови, а се фрлаат само затоа што малку се потсушени.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Види му го презимето и кажи, речи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе.  Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Види, види, види“, рече стариот Елисон. „Многу ми е мило што те гледам Сем.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ете, таа знае, знае, таа ги виде!“, покажуваше Бонапарта кон мене кога ме здогледа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)