вжешти св.

вжешти (св.)

Велика се разбудува и носи едно стомне од бодникот меѓу врати. Ја пијам водата и водата уште в уста се вжештува и испарува. Не слегува подолу од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Со рацете на него го гледаше небото што почнуваше да се вжештува од сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раката го напипа ладниот метал во џебот, и тој се вжешти.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Полемиката сѐ повеќе се вжештуваше, на едната страна остана непомирливиот Спироберг, а на другата сите приврзаници, други научни авторитети, за прифаќање меѓународен вештачки јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК