вешт (прид.)

Не покажува ли тоа оти пошироки реформи од оние што ни беа дадени ќе можевме да добиеме и без револуција, а само со вешти, мали народни движења?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
68. Во 1894 год. во Цариград беше извршено масовно клање на Ерменците што предизвика бурна реакција во Европа, а исто така тоа беше искористено во Бугарија за организирање митинзи за Македонија што беа вешто експлоатирани од бугарската влада, по кои дојде и образувањето на Врховниот македонски комитет и неговото „востание” (1895)
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вешто како мачка Пенчо се искачи по железната ограда; остро ми потфрли: - Ајде, што чекаш? Воена музика?...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа богомолецот го фрли со два прста како што вешт и стар пишач фрла допушена цигара а прцата и стаклото ги стави в џеб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сфати ме еднаш, сега, кога молиш: во мене се пропина млад бик и ме черечи со рогови, ме разбива со копита, и јас треба да сум вешт за да го совладам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вешто им бегав на камионите од пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја стружам ампулата полна со безбојна течност и вешто го одбивам со нож нејзиниот игличест врв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тоа беше вешта сенка на вешт провалник способна да живее сама за себе иако тоа не го правеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Отиде брзо и вешто далеку вон град, до под оние ридови на кои живееја непознати села со тврди срца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бојан се обиде да дофати едно, но тоа, иако мало, вешто се шмугна меѓу овците, така што момчето остана со празни раце и неисполнета желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
3. Вештите церковни, както потир и с его нужно е обраха; ризите свештенически украдоха и наконец нуждата наша не учи како от Ваше родољубие да просим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но тоа беше вешта сенка на вешт провалник способна да живее самата за себе иако тоа не го правеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вешто им бегав на камионите по пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе