вечерен прид.

вечерен (прид.)

Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Риби, риби, рипчиња... Нежно и грубо, тивко и гласно - како да се препорачуваа секакви риби - кркушки, крапови, сардини, гласот шушкаше како вечерен навев - надоаѓаше, се разлеваше, се повлекуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во пурпурот на вечерното небо се лизгаат ластовици и танка опашка на недозрел ветар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ИВАН: Не ми остана ништо друго, освен да го оставам Методи да го чека и вечерниот воз.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Крстју просто ми рече дека Младичот не може да се качи на попладневниот воз и дека ќе тргнел со вечерниот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Нели, Луков? Би било навистина возбудливо човек да ја продава досадата во три изданија: утринско, пладневно и вечерно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И додека точи чај, се обидува да ја открие смислата на посетата) Рековте дека сте машиновозач на вечерниот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Се движат заедно тие секој кон бесоницата своја утрото што го бара. А водата се ниша од моите последни стапки и веќе ја испива зеницата на вечерната ѕвезда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брачната двојка имала незгода со својот „Ситроен“ и тоа им се случило во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Милата вода! Вечерното сонце легнало над брановите, им се предало.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во вечерниот воздух се чувствуваше лекиот, чист мирис на варено кафе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Горе, над мене, ги гледам студените утрински и вечерни ѕвезди и го гледам сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не ќе мораме да мислиме на него секогаш кога Јупитер или Сатурн или Марс ќе го осветлат вечерното небо Беше тоа нешто друго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК