ветроштина ж.

ветроштина (ж.)

Никој не знае за мојата мака штом ветроштини ѝ го зеле млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се кине фитиљот. Ја угаснува некое залидано ветре, ја брише некоја ветроштина. А може свирката од Јошета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето веруваа дека водата лекува од ветроштини, и тоа само дечоани, чупиња од таа возраст и невести, навеани во првите шест месеци по заневестувањето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Над нив небаре ветроштина со раширени крилја растура страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)