вена ж.
вене св. и несв.

вена (ж.)

Зад увото на Арсо ленливо пулсираше синкава вена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Раката, исплеткана со набабрени сини вени, тешко паѓа на работ од масата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигора наеднаш го зафати страв за Арса. Со тревога го следеше трепнувањето на вената.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите се боцкаа точно во вената, освен (а кој друг) Дачис која се боцкаше под кожата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше изодел неколку километри по тротоарите и натечената вена на ногата му пулсираше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам натечени вени. Имам пет вештачки заби“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон се наведна и внимателно се почеша по напнатата вена. Беше почнала одново да го клука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Половина од девојчињата во класот беа готови да си ги пресечат вените за него, но тој тоа не го гледаше; тој гледаше во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Полека се истетерави до кујната, офкајќи по пат за тоа колку ѝ биле проширени вените на нозете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сенката стана тело: Рељефни дланки затегнати тетиви мрежа од игриви вени.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сега веќе нејзиното лубениче на кората имаше линии, со боја на жад и смарагдни шари, и линии како мали вени, во пределот меѓу пругите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа и денес сечат вени по најразлични бараби од политичката, музичката и целата квази елита...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што нѐ враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
В подрум одам мајче, в подрум шетам секаде млади мајче наркомани гледам аманаман мајче аманаман го најдоа Трајче мајче сам во апартман Сам во апартман мајче, сам во апартман со шприц во рака мајче Трајче предозиран дилери фрчат мајче на секое ќоше у лошо друштво мајче го видов и Тоше Кај Мирко пaлицрква на техно мајче одат па кркаат табли и во вена се бодат аманаман мајче од ужас и страва целиот град е мајче завиткан во трава
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Слободата овде е неостварен сон измеќари како во колибата на Том удри со камшик по ниските класи работата овде човекот го гнаси Та не сме саде ние, та не сме саде тука да фаќаме стресови и чиреви од мука стани утре порано за ситен минималец вени да ти попуштат за клет работодавец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас без плата, а ти со палата јас без покрив, а ти со три ката се колнеш во ќерката, таа малата на крај до балчак ти ја еба мамата Татина миленичка еврата ги спичка со дилерот Лука хорс у вена пука судбина лоша те погоди малер слушам и жена ти имала швалер
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Инфузијата течеше во твојата вена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Црна магла се издигнува над мојава изгубена душа понесена од дивиот порив на чувства и страсти што горат низ моиве вени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК