вел (м.)

Велот на морализаторството и сензационалистичките прилози по разните медиуми направија информациите за дрогите и ризикот што тие го носат со себе да станат недостапни како за родителите така и за нивните корисници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иницијациското значење на Belle Haleine го потврдува и значењето што во алхемијата ги имаат велот и водата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алхемичарите зборот „вел“ го употребувале во неговото оригинално антитетичко значење на прикривање (velum, завеса, вел) и откривање (revelare, откривање, симнување или повторно навлекување на завесата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јасно е дека одредувањето на бројот на нивоа, не само во делата на Ешер туку и во сите повеќенивовски хиерархиски системи, е покриено со вел на непрецизност која ним им е инхерентна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од самиот почеток Били имаше некој вел со кој го криеше сето она што таму се случуваше - чудни фаци влегуваа и прашува: „Дали Били е тука?“, а јас им покажував кон заднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или, отстранувајќи го велот на циркуларност, можеме да кажеме: секој од зборовите во фамилијата има значење благодарение на неговата мрежа од релации на спротиставеност со останатите членови од фамилијата, односно, неговата разлика од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој.  Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сакаа да дознаат, да откријат, да го симнат велот на нејзината таинственост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)