ведрина ж.

ведрина (ж.)

ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Полн е со животна радост и ведрина, кои тешко можат да му ги поматат и најтешки грижи и незгоди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Матните зеници се простуваа со сината ведрина на летниот ден.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но минат бргу миговите на утрината и еве: веќе и пладне наближува, една мисла бавно над ведрината потајно се спушта и загрижува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зад ригестите панталани се појавува руса детска глава, тркалезни очички, полни со ведрина, го гледаат со наивно љубопитство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше и една ведрина во своето сознание што нараснуваше со секој миг, додека мислеше на нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ги гледа нивните детски неостварени лица полни со светлина и ведрина.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа навистина беше една од најубавите девојки во градот. Каде исчезна, моја драга ведрино?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како високиот, елегантен осаменик Гари Купер, чија меланхолична ведрина опстанува наспроти сите гнасни разбојници на светов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Простак! “, помислува, но ништо не кажува, ами со неочекувана ведрина продолжува кон собата. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кој да влезе тогаш во нашите души, во душите на овие мали, блажени суштества со толку ведрина во изразот, со толкаво сочувство со нашата беда во ова бурно, неизвесно балканско проколнато време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Преку ден прозорците ги облепуваше со сонце за да внесе ведрина и расположение во собата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во оваа мала басна се одиграл еден настан, под ведрина бела јасна, златни зраци кај се пластат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ми се поврати старата живост и ведрина кои брзо ги препознаа децата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе