вангла ж.

вангла (ж.)

Две позамашни ванглички помфрит со фета чиз (читај урда), 60 криспи крцкави крилца и 20 малце поголеми крилца (читај крилја) претходно ваљани у некој лигав сос.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А сите надвор, со чиничиња подготвени чекаат по парче од колачот, за кој веќе знаеле дека ќе го јадат уште од моментот кога си се растропала со жицата во ванглата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нашинските, домашни петлиња, ако зграпчеа некоја јаричка во бегство, ја осудуваа на губење пердуви во вангла со врела вода.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Брашно, квасец, вода, во ванглата стави, со рацете вешто, зелникот го прави.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)