валканица ж.

валканица (ж.)

Ги бројам валканиците, наплувките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се веруваше дека мажите, чии сексуални инстинкти потешко се контролираат, се во поголема опасност да бидат компромитирани од валканиците со кои ракуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И не му го раскажала само тоа, дека таа ноќ била со друг маж, туку отворено му рекла дека таа веќе нема намера да пере и да пегла туѓи валканици и дека ќе ѝ се придружи во работата на Росана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Проблемите со нашите болести“, велеше, „настапуваат тогаш кога ќе бидеме упатени во валканиците на животот а не сме во состојба да помогнеме тие да се изменат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Притоа не сум сигурна дали во таквите валканици ја сместувате и долната облека како и другите слични потреби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една скршена биографија, со срам на жешовскиот рабин, со валканица врз ликот на брилијантниот студент на Виенската семинарија?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само вода може валканица да измие под млаз од доживувања нови, такви обезличени судби без име, само справедливост без аршин двоен. Еден се многу, а малку се сто.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Валканици од црвен кармин ловец на вистински чемер...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа ли се зборови. Тоа се плуканици – валканици...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)